Палестинското Министерство за здравство денеска соопшти дека од почетокот на израелскиот напад врз Појасот Газа на 7 октомври, бројот на загинатите Палестинци се искачи на 12.916, додека бројот на ранетите достигна околу 32.850.
Се додава дека повеќе од 4.500 Палестинци се уште се водат како исчезнати, вклучително и 3.500 деца за кои се верува дека се заробени или затрупани под урнатините.