Разменети 200 руски и украински затвореници со посредство на Емиратите

Од:

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) денеска објавија дека успеале да посредуваат во ослободувањето на 100 руски во замена за 100 украински воени заробеници.

Руското Министерство за одбрана на Телеграм ја објави веста за „хуманитарното посредување“ на ОАЕ, а истото го соопшти и украинскиот претседател Володимир Зеленски и украинското тело за следење на размената на воени заробеници.

Министерството за надворешни работи на ОАЕ соопшти дека ова е трет обид за посредување меѓу Русија и Украина, додавајќи дека повикува на дипломатија, дијалог и деескалација, објави државната новинска агенција ВАМ.

Би можело да ве интересира

Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 200 дронови

Мелони: Праведен мир во Украина е можен само ако НАТО им даде гаранција за безбедност

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Шмихал: Украинската влада го одобри потпишувањето на договорот меѓу Украина и САД

Горан Наумовски

Кремљ вели дека нема шанси за враќање на окупираните територии на Украина

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ