Разговори на Контакт групата за Украина со проруските бунтовници

Од:

Контакт групата за Украина денеска одржа состанок преку видео конференциска врска со проруските бунтовници од источниот дел на Украина, соопшти Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

За време на консултациите бил постигнат напредок по повеќе прашања, поврзани со ситуацијата околу несреќата на малезискиот патнички авион и започнување на процедурата за враќање на посмртните останки на жртвите, како и предавање на црните кутии на меѓународните експерти.

Сепаратистите од Доњец денеска истакнаа дека ќе формираат специјална работна група за соработка со меѓународните експерти.

Според лидерот на доњецките сепаратисти Андреј Пургин, групата нема да контактира само со Киев, туку со сите страни кои се поврзани со авионската несреќа.

Украинското Министерство за одбрана потврди дека е постигнат договор меѓу Москва и Киев утре кон Русија да полета украински воен авион, кој ќе ги пренесе назад во земјата украинските војници кои се наоѓаат на лекување во руските болници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми