Распуштен украинскиот Парламент, избори во октомври

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко вчера го потпиша декретот за распуштање на Парламентот, со што го отвори патот за одржување предвремени избори кои, како што најави, ќе се спроведат на 26 октомври.

– Одлучив предвремено да го распуштам Парламентот, објави Порошенко на Твитер.

Тој нагласи дека одлуката за распуштање на Врвохвната рада е во согласност со украинскиот Устав и потсети дека владејачката коалиција се распаднала пред неколку недели.

– Многу членови на Парламентот се сојузници на сепаратистите, наведе Порошенко, мислејќи на проруските сили кои од април се борат против владините на истокот на земјата, пренесува Танјуг.

Најголема партија во Парламентот е Партијата на регионите, која има поддршка на истокот на Украина и која ја поддржуваше поранешниот претседател Виктор Јанукович.

Порошенко рече дека могумина во Парламентот се „столбови на поддршка“ за Јанукович и ги обвини дека изгласале „диктаторски закони“ за време на неговото владеење.

Порошенко ги повика демократските политички сили да се кандидираат на изборите како единствен проукраински и проевропски тим, потенцирајќи дека 80 отсто од народот поддржува предвремени избори.

Распуштањето на Парламентот и изборите се последица на распаѓањето на владејачката коалиција на 24 јули. Еден месец подоцна не е оформена нова коалиција од најмалку 226 пратеници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми