Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен му ја честиташе денеска победата на Петро Порошенко на вонредните претседателски избори во Украина, порачувајќи дека оваа земја останува важен партнер на Алијансата.
– Пофалби за сериозните напори на украинските власти да организираат избори на цела територија, се наведува во соопштението на Расмусен.
Тој додаде дека членките на НАТО никогаш нема да ја признаат руската анексија на Крим и ја поддржуваат желбата на украинскиот народ да одлучува за својата иднина без мешање од страна.
Расмусен својата честитка ја упати неколку часа откако набљудувачите на ОБСЕ соопштија дека претседателските избори во Украина „во голема мерка биле согласно европските норми“, и покрај тоа што во некои делови од земјата не се одржи гласањето.