Ранетиот Фицо е пренесен со хеликоптер во болница во Банска Бистрица

Од:

Словачкиот премиер Роберт Фицо беше застрелан по состанокот на владата во Хандлов, околу 150 километри североисточно од Братислава. Атентатот се случил кога Фицо отишол меѓу насобраниот народ.

Според информациите, премиерот на Словачка бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот. Со хеликоптер итно бил пренесен во болница и според словачките медиуми состојбата е многу сериозна.

Напаѓачот е уапсен на лице место.

Според новите информации, Фицо е пренесен со хеликоптер во болница во Банска Бистрица, а не во Братислава како што првично беше јавено.

Би можело да ве интересира

Фицо: САД не сакаат да се мешаат во работите на другите земји

Фицо: ЕУ мора да се оддалечи од војната во Украина и да стане суверена на своите позиции

Словаците протестираат по втор пат за две недели барајќи оставка од премиерот Фицо

Дојави за бомби во канцелариите на партијата СМЕР на премиерот Роберт Фицо

Фицо: Словачката опозиција се подготвува за свој „Мајдан“

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО