Работната недела во Гамбија трае четири дена

Од:

Гамбија воведе четиридневна работна недела за работниците во јавниот сектор, додавајќи го петокот како уште еден слободен ден во седмицата.

Претседателот на оваа африканска држава Јаија Џаме изјави дека пократката работна недела ќе им овозможи на Гамбијците да посветат повеќе време за молитви, општествен живот и работа во полињата.

Џаме, кој ја презеде власта во пучот извршен без крвопролевање во 1994 годиан, познат е по своето ексцентрично однесување.

Критичарите тврдат дека неговата последна одлука ќе ја промовира мрзеливоста и ќе ја ослабне економијата на државата. Повеќето луѓе во Гамбија, која има речиси 1,8 милиони жители, се муслимани на кои петокот им е ден за молитва.

Во соопштението, исто така, се додава дека државните училишта ќе бидат затворени во петок, но дека можат да работат во сабота за да го надополнат изгубениот ден.

 

Би можело да ве интересира

Гамбија: Индиски производител на лекови одговорен за смртта на најмалку 70 деца од акутна болест на бубрезите

А1он

Претседателот на Гамбија во самоизолација, а потпретседателот позитивен на Ковид-19

Ана Ололовска

Гамбија ја обвини Мјанмар за геноцид врз Рохинџите пред судот на ОН во Хаг

Ана Ололовска

Почина првиот демократски избран претседател на Гамбија

Ана Ололовска

Поранешниот претседател на Гамбија украл 50 милиони државни пари

Ана Ололовска

Поранешниот лидер на Гамбија замина во егзил со 11,4 милиони долари и луксузни возила

Ана Ололовска