Претседателот на Русија, Владимир Путин ијзави дека во многу региони во светот, но пред се на Блискиот исток и северна Африка се загрозени правата на верските малцинства, вклучувајќи ги и православните.
-Сметам дека тој проблем треба да биде предмет на кој ќе му се обрне повеќе внимание од меѓународната заедница-рече тој.
Според неговите зборови сега во светото се потребни напори за спречување на меѓуцивилизациски конфликти.
-Русија со своето големо искуство, во воспоставување и одржување на меѓуконфенционален мир и согласност, е подготвена да го подели со другите-додаде Путин.
Елена Георгиевска