Претседателот на Русија Владимир Путин присуствуваше на божиќна богослужба во црквата Преображение во Санкт Петербург.
Со Божиќната литургија во Храмот на Христос Спасителот во Москва богослужеше патријархот московски и на цела Русија Кирил, а на богослужбата присуствуваше премиерот Дмитриј Медведев.
Традиционално, Путин за Божиќ не е во Москва, додека за Велигден секогаш присуствува на богослужбата во московскиот Храм на Христос Спасителот.