Рускиот претседател Владимир Путин со указ, смени пет генерали во полицијата.
Сите сменети, напишале молба за разрешување од должноста по сопствена желба, соопшти Министерството за внатрешни работи на Русија.
Меѓу сменетите, најпознат е Михаил Тјуркин, кој работеше како началник на одделението за информативна технологија во полицијата, а претходно беше заменик директор на Федералната миграциона служба.
Путин изврши десетина кадровски промени во Министерството за надворешни работи, вклучувајќи ја и промената на шефот на министерството.