Путин се појави во јавноста по шпекулациите за неговото здравје

Од:

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска се појави во јавноста прв пат од кога од минатата недела почнаа сомневањата за неговото здравје.

Путин го одбележа државниот празник, Денот на националното единство со полагање на цвеќе на споменикот на борците кои ги истерале полско-литванските окупатори во 1612. година.

Путин во последниве неколку недели не се појавуваше во Кремљ и откажа неколку патувања во странство. Еден новинарски извештај објавен минатата недела наведе дека Путин се повредил при летот со моторизираниот змај, кој го изведе во септември.

Портпаролот на Путин кажа дека тој си го повредил мускулот, но не додека летал со змајот. Рускиот премиер до споменикот одеше полека, без помош од друг, а неговата состојба не беше сосема јасна.

Би можело да ве интересира

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио