Путин: Русија во ЕУ? Нереално

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека влегувањето на Русија во Европската Унија е нереално, но треба да се бара поинаков начин на зближување со европските партнери.

„Тоа е нереално и по територија и по уредување на економијата“, изјави Путин при средбата со членовите на Меѓународниот клуб за дискусија Валдај.

Тој додаде дека Русија и ЕУ „треба да бараат пат за зближување и да ја користат синергијата на заедничкиот напор“.

Според Путин, технолошките можности на ЕУ треба да се обединат со можностите на Русија – високообразовани луѓе, научни достигнувања, значајни човечки и минерални ресурси.

Како позитивен пример за соработка, рускиот претседател го наведе развојот на автомобилската индустрија на странските компании на територијата на Русија.

Сепак, додаде, таквото консолидирање е многу бавно.

Путин потсети дека пред неколку години на колегите од ЕУ им предложил заеднички да работат на космичката навигација.

„Ние потполно формиравме група од 28 сателити, а Европјаните лансираа вкупно пет, но кога би се обединиле ГЛОНАШ и Галилео, тогаш би биле конкурентни на ГПС“, смета рускиот претседател.

Би можело да ве интересира

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио