Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва се уште не и ги испорачала на Сирија ракетните системи С-300, истакнувајќи дека Русија не сака да ја наруши рамнотежата во регионот на Блискиот Исток.
– Договорот е потпишан пред неколку години и се уште не е реализиран. Уште еднаш нагласувам дека било каков обид за влијание на ситуацијата во Сирија преку директна странска воена интервенција е осудена на неуспех, изјави Путин на заедничка прес-конференција за новинари со лидерите на Европската унија во Екатеринбург.
Рускиот претседател меѓу другото истакна дека министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, и американскиот државен секретар Џон Кери подготвиле и усогласиле предлозите за одржување на мировна конференција за Сирија под името Женева – 2.