Путин покани 19 земји на парадата на победата во Москва

Од:

Русија покани војници од 19 земји да учествуваат на парадата на победата на Црвениот плоштад во Москва, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Тој на прес-конференција истакна дека на парадите низ Русија, кои ќе се одржат на 24 јуни, ќе учествуваат 64 илјади луѓе, а само на манифестацијата на Црвениот плоштад ќе бидат 14.000 лица.

Шојгу додаде дека на парадата во Москва ќе бидат презентирани 225 единици оружје, воена и специјална опрема, а ќе учествуваат и 75 авиони.

– Посетителите ќе можат да видат над 20 нови модели на воена опрема, вклучувајќи ги и авионите СУ-57 и МиГ-31К, нагласи Шојгу.

На парадите на победата во девет руски градови херои и 19 градови во кои се распоредени штабови на воените окрузи и флоти ќе бидат прикажани вкупно 1.850 единици опрема, а ќе летаат 511 авиони.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија