Рискиот претседател Владимир Путин ја поздрави денеска двегодишната затворска казна која им беше изречена на членките на панк бендот „Пуси Рајот“ поради упадот во црквата и настапот со кој го критикуваа режимот.
Путин во телевизиската програма која се емитуваше на каналот НТВ рече дека е исправна судскста одлука со која беа осудени членките на панк бендот.
„Не може да се уриваат моралните темели, да се растура државата. Што ќе ни остане нам?“, рече Путин коментирајќи го настапот на бендот кои во февруари упаднаа во храмот на Исус Спасител и повикуваа на пад на Путин.
Рускиот претседател рече дека не вршел никаков притисок на судот при изрекувањето на одлуката и дека членките на бендот „си го добиле тоа и што си го барале“.
Според неговите зборови, првата реакција му била да побара од верниците да им простат, но случајот стигнал на суд и им била веќе изречена пресудата.