Путин од САД ги бара доказите за хемиско оружје

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин во Владивосток изјави дека тврдењата за употреба на хемиско оружје од страна на сириската војска се „чиста глупост“.

-Русија повикува добро да се размисли пред да се донесе одлука за операција во Сирија, рече Путин. Тој побара од САД да ги претстават пред инспекторите на Обединетите Нации и пред Советот за безбедност доказите дека сириската војска употребила хемиско оружје.

-Во услови кога напредува сириската војска, да се тврди дека употребила хемиско оружје е чиста глупост, рече Путин. Според него, Русија осудува употреба на хемиско оружје.

-Што се однесува до употребата на оружје за масовно уништување, вклучувајќи го тука и хемиското оружје, нашиот став е следен:

-Ние категорично се противиме на тоа, го осудуваме и ако се докаже ќе учествуваме во разгледувањето мерки против таквите потези, истакна Путин.

Тој му порача на америксанскиот претседател Барак Обама да не заборава дека е добитник на Нобеловата награда за мир. Пред да примени сила во Сирија, нека размисли за идните жртви, порача Путин.

-Ако тие тврдат дека владината војска употребила оружје за масовно уништување, во овој случај хемиско, и велат дека имаат докази за тоа, нека ги претстават пред инспекторите на Обединетите нации и пред Советот за безбедност.

-Оправдувањата дека ги имаат доказите, ама биле доверливи и не можеле на никого да ги дадат, не може да пројде. Тоа е непочитување на партнерите. Ако постојат докази тие мора да бидат претставени, а ако не ги даваат-тоа значи дека не постојат, рече Путин.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Русија ќе се обиде да им пренесе на САД план за поделба на територијата на Украина

Седумгодишно дете доби понуда за работа од руска ИТ компанија

А1он

Почина познат руски балетан, падна од балкон на петтиот кат од неговата зграда

А1он

Северна Кореја би можела да испрати до 100.000 војници за да и помогне на Русија

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Песков: Постојано го повикуваме Киев да престане да убива Руси

Горан Наумовски