Путин: Москва е горда што прифати четири поранешни украински региони во Русија

Од:

Москва е горда што прифати четири поранешни украински региони во Русија, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

Народните републики Донецк и Луганск, како и регионите Херсон и Запорожје, гласаа на референдум во септември 2022 година за отцепување од Украина и приклучување кон Русија. Сепак, Украина, како и огромното мнозинство од меѓународната заедница, ги смета гласањата за нелегални, а тие беа спроведени под притисок, во воени услови и без меѓународни набљудувачи.

Украинските власти тврдат дека гласачите биле загрозени и принудени да учествуваат, додека Украина ги отфрлила гласањата како нелегални и наместени. Европската унија и другите меѓународни организации, исто така, не ги признаваат референдумите ниту нивната правна важност.

Во видео обраќање објавено од Кремљ денеска, Путин ја опиша областа како „татковина на рускиот народ“, чие население „независно и слободно избра да се приклучи кон Русија“.

„Ние направивме што моравме и сме горди на тоа. Ги поддржавме нашите браќа и сестри во донесувањето на нивната цврста и одговорна одлука“, рече Путин.

Тој додаде дека Русија „ги брани своите фундаментални национални интереси, заедничкото сеќавање и вредности, рускиот јазик, традициите, културата и религијата и светото право да ги почитува делата на своите предци“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Наместо прашање за Путин, новинар ѝ предложи брак на својата девојка

А1он

(ВИДЕО) Путин соопшти дека Русите го заземаа украинскиот град Северск

А1он

Песков: Засега нема разговори за средба Путин – Трамп до крај на годинава

А1он

(ВИДЕО) Путин на петчасовна средба со Виткоф и Кушнер во Москва

А1он

Путин: Aко Европа започне војна, Русија е подготвена за тоа веднаш

А1он

(ВИДЕО) Робот со вештачка интелигенција танцуваше пред Путин

А1он