Путин до Трамп: Не доаѓај, сакам да го видам Зеленски насамо

Од:

Повикувајќи се на извор во администрацијата на Трамп, бриселски Политико објави нови детали од телефонскиот разговор меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин.

Според тој извор, рускиот лидер побарал неговата средба со Зеленски да се одржи еден на еден, без присуство на Трамп.

„Кога Трамп го покани и му понуди да се сретне со него и Зеленски лично, Путин одговори: „Не мора да доаѓаш, сакам да го видам еден на еден“.

Тимот на Трамп, според изворот, веднаш почнал да работи на тоа, а посебната задача за подготовка на сè му била доделена на советникот на Трамп, Стив Виткоф, објавува Политико.

Досега, и Трамп и Зеленски изразиле подготвеност за трилатерален состанок, но Путин сè уште официјално не се огласил.

Би можело да ве интересира

Виткоф и Кушнер го напуштија Кремљ по два часа разговори со Путин

А1он

Путин: Русија е подготвена за војна со Европа!

А1он

Лавров: Ако Зеленски сака да се сретне со Путин, ќе мора да дојде во Москва

А1он

Путин: Илон Маск е вистински гениј!

А1он

„Фајненшел тајмс“: Русија бeше подготвена да се повлече во 2023 година, Зеленски го одби предлогот

А1он

„Путин не е светски лидер, туку воен злосторник“

А1он