Пукање во Пенсилванија, има мртви и ранети

Од:

Пет лица биле застрелани, од кои двајца биле убиени, откако незадоволен работник отворил оган во компанија во Честер, Пенсилванија, јавува ABC 6.

Осомничениот е уапсен по полициска потера, соопштија официјални лица.

Инцидентот се случил во компанијата за постелнина во округот Делавер во средата наутро по локално време.

Како што јавува Си-Ен-Ен, осомничениот пристигнал на работното место со огнено оружје и го „истурил бесот“ врз колегите.

„Две лица, за жал, ги загубија животите штотуку дојдоа на работа денес“, рече окружниот обвинител на округот Делавер, Џек Столштајмер.

Хеликоптерот АБЦ 6 бил над местото на настанот, каде можеле да се забележат бројни полицајци и членови на други служби за итни случаи.

Некои улици во областа беа блокирани со полициска лента.

Една жртва наводно е во критична состојба.

Идентитетот на напаѓачот се уште не е објавен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пукање во складиште во САД: Неколку се повредени, напаѓачот е во бегство

Ранети се двајца полицајци во престрелка во станбена зграда во Конектикат

(ВИДЕО) Престрелка во супермаркет во САД, најмалку три лица загинаа, има и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице е убиено, а две се ранети во пукање во средно училиште во Тенеси

(ВИДЕО) Пукање во Њујорк, најмалку 10 лица се повредени

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на загинати во престрелката во Њу Орлеанс