Делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) ќе ја посети Украина од 24 до 28 октомври, за да ги набљудува предвремените парламентарни избори на 26 октомври, соопшти организацијата.
Делегацијата ќе биде во состав од 36 лица.
Набљудувачи од Парламентарното собрание и одделот за човекови права на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), ЕП и Парламентарното собрание на НАТО, исто така ќе бидат во Украина за изборите.
Делегацијата, предводена од Британецот Кристифер Чопе, ќе се сретне и со претставници на политички партии, претставници на медиумите и невладини организации.
Правни консултации ќе обезбедува член на Венецијанската комисија при Советот на Европа.
Парламентарното собрание на НАТО ги набљудуваше сите претседателски и парламентарни избори во Украина од 2004 година.