Првиот сириски астронаут избега во Турција

Од:

Првиот сириски астронаут, пилотот од сириските воено-воздухопловни сили генерал Мухамед Ахмед Фарис денеска пристигна во Турција.

Пред да влезе на турска територија Фарис го посети штабот на Сириската ослободителна армија во градот Алепо во знак на солидарност со силите на бунтовниците, кои се борат против војската на претседателот Башар ал Асад.

Фарис, кој е роден во Алепо во 1951 година и кој веќе три пати се обиде да избега од Сирија, е првиот Сириец кој бил во велената.

Во 1987 година тој учествуваше во неколкудневен лет со вселенскииот брод Сојуз кон вселенската станица Мир и доби одликување „Херој на Советскиот сојуз“.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад