Првиот роман за возрасни „The Casual Vacancy“ од британската писателка Џоана Роулинг вчера се појави во книжарниците и веќе се продадени милион примероци.
Новиот роман на авторката која го создаде Хари Потер, обработува теми како зависноста од дрога, проституцијата и проблемите на самохраните родители.
Иако не постои сомневање дека ќе стане бестселер, „првенецот“ на Роулинг наменет на за возрасната публика наиде на спротивставени критики.
Некои велат дека романот е „здодевен“ и „слаток“ наспроти описите и сцените со секс, злоупотреба и дрога, па и советуваат на авторката да продолжи да пишува за деца.
Дејствието во романот делумно е инспирирано од младоста на Џоана, а се случува во измисленото село Пагфорд во Англија.