Антиисламистичкото движење „Патриоски Европејци против исламизација на Западот“ (ПЕГИДА), формирано во Германија, одржа денеска први демонстрации на британско тло, на кои присуствуваа околу 400 луѓе и кои поминаа мирно.
На контрамитинг, против собирот на ПЕГИДА, во Њукасл се собраа 2.000 луѓе.
Беше забележано засилено присуство на полицијата поради двата протеста, чии учесници се држени раздвоени, а двата собира поминаа мирно.
Иако огранокот на ПЕГИДА во Британија е малку застапен во државните медиуми, Фејсбук страницата на тоа движење во Обединетото кралство има над 17.000 приврзаници.