Најмалку едно лице загина во налет на ураганот Марија на францускиот остров Гвадалуп.
Тоа е првата потврдена жртва на ураганот Марија, кој го погоди источниот дел на Кариби. Несреќата се случила кога врз жртвата паднало дрво.
Пријавено е исчезнување на две лица откако нивниот брод потонал во близина на Ла Дезират, што е под управа на Гвадалуп.
Се очекува Марија да биде најсилен ураган, кој ќе го погоди Порторико во последните 85 години.
Ураганот Марија синоќа го опустоши островот Доминиканска Република.
Премиерот на Доминиканска Република, Рузвелт Скерит побара помош од меѓународната заедница.