Прва реакција на Асад: Нападите ја зголемуваат потребата да се бориме против тероризмот

Од:

Сирискиот претседател Башар Асад изјави дека ударите врз воените објекти на владата, прават Сирија уште покатегорично да му се спротивстави на тероризмот.

„Оваа агресија само ќе направи Сирија и нејзиниот народ уште поцврсто да застанат зад својата намера да се борат против тероризмот за секоја педа од земјата“, рече Аасад за време на првото обраќање по воздушните напади.

Американската армија заедно со Франција и Велика Британија како свои сојузници ја бомбардираше Сирија, односно испали стотина проектили врз воени цели блиски до режимот на Башр ал Асад и воената база каде се верува дека било чувано хемиското орујже користено за напади врз цивили и нивно труење во Гута.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад