Прва изјава на Путин по разговорот со Трамп: „Подготвени сме…“

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Русија е подготвена да работи на меморандум со Украина, вклучувајќи и прекин на огнот.

„Се договоривме со претседателот на Соединетите држави дека Русија ќе предложи и е подготвена да соработува со украинската страна на меморандум за евентуален иден мировен договор со дефинирање на голем број позиции, како што се, на пример, принципите за решавање, временската рамка на можен мировен договор и слично, вклучително и можен прекин на огнот за одреден период доколку се постигнат релевантни договори“, изјави Путин пред новинарите.

Тој посочи дека е неопходно Русија и Украина да најдат компромиси кои би биле задоволителни за сите страни.

Би можело да ве интересира

Ушаков: Путин е отворен за средба со Зеленски во Москва

А1он

ВИДЕО: Новогодишна порака на Путин: Убеден сум во победата на голема Русија

Путин: Руската војска напредува, украинските единици се повлекуваат

А1он

Трамп имаше телефонски разговор со Путин пред средбата со Зеленски

А1он

(ВИДЕО) Путин: Ги освоивме Мирноград и Хулиаполе

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Наместо прашање за Путин, новинар ѝ предложи брак на својата девојка

А1он