Протести поради незадоволството од промените во даночното законодавство и планираните промени во правосудството за вечерва се закажани во стотина градови во Романија.
Според дел од анлитичарите новите промени во законите ќе ја ослабнат борбата против корупцијата.
Опозициските партии и двата големи синдикати ќе се приклучат на протестите на граѓанското општество, а двете синдикални организации ќе организираат протест и на 12 декември.
Во Букурешт е планиран и протестен марш, каде се очекува демонстрантите вечерва да отидат и пред зградата на Парламентот.