Протести во Алжир и Ерусалим поради објавените карикатури на пророкот Мухамед

Од:

Алжирската полиција се обидува да смири повеќе од илјада демонстранти, кои излегле низ улиците на главниот град во знак на протест поради објавените карикатури на пророкот Мухамед од францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“.

Демонстрантите, кои скандирале „Јас не сум Шарли, јас сум Мухамед“, излегоа од џамиите по петочната молитва и се собраа на главниот плоштад „Први мај“, каде беа пресретнати од стотици полицајци.

Протестите во Алжир се забранети, но досега се уапсени само неколку лица.

Истовремено, стотици палестински муслимани денеска, исто така, протестираа по петочната молитва поради објавувањето на новите карикатури на пророкот Мухамед.

Собирот се одржа на Плоштадот на џамиите во Источен Ерусалим.

Демонстрантите носеле транспаренти на кои пишувало „Исламот е религија на мирот“ и „Пророкот Мухамед секогаш ќе биде наш водач“.

Претходно, властите во Сингапур соопштија дека нема да дозволат во локалните медиуми да се појават копии од карикатурите на пророкот Мухамед, кои беа објавени оваа недела во весникот „Шарли ебдо“.

Во Ингушетија за утре е закажан протест под името „Исламот против тероризмот и екстремизмот“, на кој се очекува да присуствуваат околу 3.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Маж се самозапали за време на протест

Предраг Петровиќ

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

Русите ги запленија магацините за опрема на НАТО во Угледар

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави снимка како Иран го подготвувал нападот против Израел

Предраг Петровиќ

Израел конечно призна: Иран ги уништи нашите бази

Предраг Петровиќ