Околу две илјади антивладини демонстранти се собраа во близина на романскиот Парламент во момент кога претстои гласањето недоверба на левичарската Влада, обвинета од опозицијата дека ја ослабела правната држава и демократијата.
Опозицијата предводена од Национално-либералната партија најверојатно нема да успее да ги собере потребните 233 гласа за да ја урне Владата на премиерката Виорика Данчила, која беше назначена во јануари. Таа е трет премиер на Социјалдемократската партија од парламентарните избори во декември 2016 година.
Демонстрантите скандираат „Оставка!”, „Не сакаме да бидеме раководени од крадци”, „Вие не сте Романија” и веат романски знамиња во паркот „Извори“ недалеку од зградата на Парламентот, пренесува БТА.
Демонстрации се планираат и во другите големите градови во Романија, а и Романците кои се во странство, исто така, се подготвуваат за протести вечерва.