Проуската сепаратистичка „Народната одбрана“ во источниот украински град Славјанск во Доњецката област, собори хеликоптер на украинското Воено воздухопловство, соопшти претставник на сепаратистичките сили.
Како што јави ИТАР-ТАСС, хеликоптерот бил соборен во реонот меѓу локалната фабрика за тули и летувалиштето.
Претходно, денеска украинската авијација нанела уште еден сериозен удар на селото Семјоновка, недалеку од Славјанск.
Самопрогласениот „народен градоначалник“ на Славјанск, Вјачеслав Помономаров, вчера за ИТАР-ТАСС изјави дека во вчерашните борби сепаратистите собориле авион „СУ-25“ и хеликоптер на украинското Воено воздухопловство и дека погодиле уште „четири оклопни возила“.