Припадници на т.н. „Армија на југоистокот“ се судрија со радикалите од движењето „Десен сектор“ и Националната гарда во реонот на главната база на Луганската гранична единица, стационирана во јужниот дел на украинскиот град Луганск, соопшти шефот на прес-центарот на самопрогласената „Луганската Народна Република“.
Како што јави ИТАР-ТАСС, тој ја демантираше информацијата што претходно се појави во медиумите за престрелки во јужниот дел на Луганск.
– Никој не го гранатира градот. Судирите се кај главната база на граничната единица, нагласи претставникот на проруските сепаратисти од Луганск.