Проруските сепаратистички сили денеска ги интензивираа нападите врз аеродромот во градот Доњецк во источна Украина, при што веќе презеле контрола врз неколку аеродормски објекти, но и натаму наидуваат на жесток отпор на укараинската армија, јавија вечерва западните медиуми.
Според истите извори, три тенка на сепартистите вечерва стрелале кон главниот терминал на аеродромот во кој се наоѓаат украински војници. Очевидци тврдат и дека во реонот околу аеродормот се слушаат истрели од снајеперисти.
Сепаратистите од Доњецк од своја страна соопштија дека нивните сили презеле целосна контрола врз аеродормот, нагласувајќи дека украинските војници се повлекле во подземните простории на аеродромскиот оддел за комуникации.
Во интензивираните судири околу аеродормот во Доњецк во последниве два дена, загинаа двајца украински војници, а деветмина се ранети.
Најновите судири сериозно го загрозуваат одржувањето на премирјето постигнато меѓу властите во Киев и сепаратистите не 5 септември во Минск.