Проруски сепаратисти го зазедоа регионалниот телевизиски центар во Доњецк

Од:

 Над зградата на регионалниот телевизиски центар во Доњецк проруски сепаратисти поставија знаме на самопрогласената Доњецка народна република.

Пред зградата на регионалниот телевизиски центар во Доњецк се одржува протест со барање за објективно известување за настаните во југоисточниот дел на Украина.

Дел од западните медиуми јавија дека четворица маскирани сепаратисти со палки и штитови стојат пред влезот во телевизијата ио контролираат кој ќе влезе, а внатре има лица со маскирна облека.

Прорускиот митинг почна на плоштадот „Ленин“ во центарот на градот, при што се собраа околу 3.000 лица. Тие бараат распишување на референдум за федерализација на Украина. Демонстрантите носат транспаренти на кои пишува „Не за крвавата киевска Хунта!“ и „Прекинете ја окупацијата на Донбас“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми