Проруска новинарка тврди: „Телата на мобилизираните веќе се враќаат од Украина“

Од:

Руска новинарка која ја поддржува војната на Путин во Украина е огорчена од извештаите дека телата на неодамна мобилизираните војници биле вратени во руските градови во ковчези.

Во објава на нејзиниот канал Телеграм, Анастасија Кашеварова, која редовно објавува текстови за поддршка на рускиот претседател, ги осуди руските команданти кои без никаква обука ги испраќаат мобилизираните Руси во војна.

„Дали повторно не излажа? Ни кажавте дека ќе поминат обука, дека нема да бидат испратени на фронтот за една недела. Дали повторно не излажавте?“, напиша таа.

Кашеварова додаде дека локалните команданти не ги слушаат наредбите на нивните претпоставени и едноставно „фрлаат мобилизирани војници на линијата на фронтот“. На крајот таа им се заблагодари на „вистинските офицери“ кои, како што напиша, „прават се што е можно да ги подготват нашите момчиња“.

Би можело да ве интересира

Украина потврди дека е пред договор со САД за минералите

ВИДЕО: Македонија е коспонзор на резолуцијата на САД за Украина, ЕУ поднесува своја

Катерина Ѓуровски

Кој повеќе и помогнал на Украина, САД или Европа – што покажуваат бројките

Катерина Ѓуровски

Oблачно со услови за дожд

Здружението „Лесја Украинка“ со марш во центарот на Скопје ја опдбележа третата годишнина од руската инвазија врз Украина

ВИДЕО: „Три години херојски отпор“, Зеленски објави порака на годишнината од војната