Пропаднаа преговорите помеѓу Хамас и Израел, засега нема ослободување заложници

Од:

Преговорите меѓу Израел и Хамас за заложниците кои се држат во Газа денеска пропаднаа откако Израел продолжи да инсистира на ослободување на група жени, а Хамас одби, изјави за Си-Ен-Ен извор запознаен со преговорите.

Додека преговорите за жените беа во ќорсокак, Хамас се залагаше за почеток на разговори за ослободување на мажите, веројатно под различни услови. Израел ја отфрли идејата, инсистирајќи на тоа дека е императив прво да се ослободат сите жени.

Израелските и американските власти веруваат дека Хамас сè уште држи во заложништво голем број жени на возраст меѓу 20 и 30 години – многу од нив киднапирани од музичкиот фестивал Нова. Хамас тврди дека смета дека некои од преостанатите жени како заложници се дел од израелските одбранбени сили, што Израел го негира.

Претходно израелската влада објави дека го повлекла својот тим преговарачи од Катар откако разговорите дојдоа во ќорсокак.

„Терористичката организација Хамас не го исполни својот дел од договорот, кој вклучуваше враќање на сите жени и деца кои беа во заложништво, според списокот испратен до Хамас и одобрен од нив“, се вели во соопштението.

Заменик-лидерот на Хамас, Салех Ал-Ароури, изјави за телевизиската мрежа Ал Џезира дека нема да има размена на затвореници со Израел до прекин на огнот во Газа. Ал-Ароури рече дека заложниците кои ги држи Хамас се израелски војници и цивили кои работеле во израелската армија.

Тој изјави дека нема да бидат ослободени додека не дојде до прекин на огнот и не се ослободат сите палестински затвореници.

„Војната нека си го земе својот тек. Оваа одлука е конечна. Нема преговори“, дециден е Ал-Ароури.

Палестинското Министерство за високо образование во саботата објави дека истакнатиот палестински научник Суфјан Таџех и неговото семејство биле убиени во израелски воздушен напад врз градот Ал-Фалуџа, 30 километри североисточно од градот Газа.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас