Пронајдено тело на израелски заложник: Исламскиот џихад го убил во заробеништво

Од:

Израелската војска соопшти дека го пронашла телото на Елад Кацир, кој беше земен како заложник и држен во Газа за време на нападот врз Кан Јунис. Кацир беше земен за време на нападот на Хамас врз Кибуц Нир Оз на 7 октомври, објави Би-Би-Си.

Неговото тело е донесено во Израел, соопшти израелската армија. Тој бил идентификуван од медицински службеници и семејството било известено.

Како што се наведува во соопштението на израелската армија, „телото на киднапираниот Елад Кацир, кој, како што дознавме преку разузнавачка работа, бил убиен од Исламскиот џихад во заробеништво, во текот на ноќта било пренесено од Кан Јунис и вратено на територијата на Израел“.

Неговите останки биле лоцирани со помош на „точна“ интелигенција. Кацир (47) бил киднапиран од Нир Оз со мајка му Хана (77). Таа беше ослободена заедно со уште 104 заложници за време на шестдневниот прекин на огнот кон крајот на ноември.

Неговиот татко бил убиен во кибуц.

Сестрата на Кацир ги обвини израелските власти за смртта на нејзиниот брат во објава на социјалните мрежи, велејќи дека тој ќе се врател жив доколку преговарале за нов договор за прекин на огнот.

Би можело да ве интересира

Газа: Бебе е спасено од стомакот на трудница убиена во израелски напад

САД ја критикуваа позицијата на МСП за израелската окупација на палестинските територии

Израел уби десетици Палестинци, меѓу нив еден локален новинар, неговата сопруга и децата

Израелската армија објави дека убила голем број членови на Хамас во Рафах

Најмалку 13 Палестинци загинаа, а 26 се ранети во израелско бомбардирање на Кан Јунис

Израелската војска тврди дека убила борци на Хамас во смртоносен напад врз училиште на ОН