Кинеските власти ги извлекоа сите 46 тела, кои биле затрупани при лизгање на земјиштето во едно село во јужниот дел на Кина.
При одронот биле затрупани 16 куќи во селото Гаопо, во провинцијата Јунан, а државните медиуми објавија дека спасувачките екипи денеска пронашле тела на три лица по кои се трагало од вчера и дека меѓу жртвите има 19 деца.
Две лица вчера се пронајдени живи и веднаш се хоспитализирани.
Првичната истрага покажала дека лизгањето се случило бидејќи земјиштето било премногу натопено со вода по 10-дневните поројни врнежи од дожд и снег.