На местото на несреќата на авионот на малезискиот авиопревозник во Доњецката област се пронајдени телата на 223 загинати, изјави денеска вицепремиерот на Украина Володимир Гројсман.
Украинската страна води преговори телата да бидат одведени на територија контролирана од Киев.
– Во возот има 192 тела плус осум делови од тела. Се водат преговори возот да биде ослободен, рече тој.
Сепаратискичкиот лидер Александар Бородај изјави во Доњецк дека преместувањето на телата било неопходно, за да бидат заштитени од жештините и од диви животни.