Пронајдена документација, Украинците последни за евакуација од бојното поле

Од:

Според руските медиуми, пронајдени се американски формулари за евакуација на ранетите од бојното поле, според кои Украинците треба да се спасат последни.

Обрасците се пронајдени на окупираните позиции на вооружените сили на Украина и на членовите на баталјонот „Азов“ – во Волноваха и индустриската зона на фабриката „Азовстал“ во Мариупол.

На дното на листата се неамерикански државјани и воени заробеници.

Градацијата на евакуираните според државјанството е во согласност со традиционалните одредби на американската армија.

Тие, меѓу другото, се наведени во претходно пронајдениот „Тактички прирачник на командантот на маринцискиот корпус на САД бр. MCRP 3-30.7“.

Овој документ ги дефинира следните стандарди за приоритет на евакуираните:

Државјани на САД;

Странски членови на американски семејства;

Странски персонал на американски институции и компании;

Државјани од трети земји.

Формуларите за барање за евакуација се направени од отпорни пластични материјали.

Тие се зашиени во посебни тетратки.

Покрај формуларот за барање за евакуација, тетратката содржи кратки упатства за употреба на полски воени медицински помагала во согласност со американскиот стандард за тактичка помош на повредените.

Овие материјали беа доставени во Украина како компоненти на комплетите за прва помош на терен.

Тефтерите пронајдени на окупираните позиции на украинските војници се произведени од американската компанија „North American Rescue, LLC“.

Компанијата е официјален снабдувач на тактичка медицина за Пентагон.

Медицинските помагала што таа ги произведувала биле пронајдени во Мариупол и Волноваха.

Русија од 24 февруари спроведува како што ја нарекува специјална воена операција за денацификација и демилитаризација на Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека целта на операцијата е „заштита на луѓето кои осум години биле изложени на малтретирање и геноцид од режимот во Киев“.

Министерството за одбрана на Русија објави дека руската армија ги завршила главните задачи од првата фаза до крајот на март – значително го намалила борбениот потенцијал на Украина.

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски