Продолжува потрагата по исчезнати во поплавите во Тбилиси

Од:

Спасувачките екипи во Грузија денеска продолжуваат со потрагата по над 20 лица исчезнати во поплавите, во кои досега живтот го загубија над 12 лица.

Исто така, се трага и по исчезнати животни од зоолошка градина во Тбилиси, од кои некои може да бидат и опасни.

Директорот на зоолошката градина Зураб Гуријелџе изјави дека тројца вработени се удавиле, но дека никој не е повреден од дивите животни, што ги искористиле поплавите да излезат на слобода.

Меѓу избеганите животни се наоѓаат лавови, тигри, мечки, волци и еден нилски коњ. Некои од нив се заспани и вратени назад во зоолошката, некои се убиени од полицајци, а дел се уште се на слобода.

Според Гуријелџе се уште не може да се дојде до кафезите, поради што не е можно да се изврши проценка на штетите и да се избројат животните на слобода.

Тбилиси за време на викенот беше зафатен од силно невреме, што предизвика поплави во кои се оштетени голем број куќи и згради, патишта и инфраструктура.

Би можело да ве интересира

Захарова: Поради Зурабишвили, Грузија беше на работ на граѓански конфликт

(ВИДЕО) Илјадници Грузијци протестираа против владата на православниот Бадник

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Илјадници луѓе протестираат во Грузија пред инаугурацијата на новиот претседател

Кобахидзе: Либералниот фашизам нема шанси за победа

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија