Продолжува потрагата по „Air Asia“: Воочени делови од авионот

Од:

Спасувачките тимови, кои го пребаруваат Јаванското Море во потрагата по остатоците на авионот на компанијата „Ер Ејша“ (Air Asia) пронајдоа два поголеми предмети, за кои се верува дека се делови од авионот, соопшти директорот на индонезиската Агенција за спасување и пребарување Бамбанг Соелистио.

– Можам да ве уверам дека тоа се делови од авионот по кој трагаме, истакна тој, дополнувајќи дека откриена е и трага од гориво.

Двата предмети се наоѓаат на длабочина од 30 метри, јавува руската агенција ТАСС. Сега спасувачките тимови се обидуваат да направат подводни снимки.

Објектите се со размер 9,4 на 4,8 на 0,4 метри и 7,2 на 0,5 метри и се блиску еден до друг, јавува ДПА.

Патничкиот авион со 162 патници и членови на екипажот исчезна пред речиси седум дена од радарските екрани, за време на летот од Индонезија кон Сингапур. Досега се пронајдени 30 тела и ниту еден преживеан.

За повеќето тела се верува дека останале во трупот на авионот, но лоѓите временски услови ја отежнуваат потрагата.

Би можело да ве интересира

Русија и Иран формираат сојуз, Америка е загрижена

Милиони загрозени, се повеќе настрадани во Флорида

Предраг Петровиќ

Експлодираше воз: Наредена итна евакуација

Русите: Ја презедовме контролата

ВИДЕО: Нападнат Виктор Орбан

„Ако Трамп изгуби, јас сум нае*ал“

Предраг Петровиќ