Украинската војска рано утрово објави оперативен извештај во кој се вели дека се воделе жестоки борби за одржување на одредени граници. Одбрамбената операција во источниот дел на округот Донецк е во тек, напорите се насочени на Мариупол соопшти војската.
Според извештајот, руската војска е запрена во напредувањето кон Днипропетровската област и во тек е операција за одбрана на Чернихив. Во извештајот се спомнуваат и големи загуби на оружје, опрема и луѓе како и руски загуби во 88 завиони и хеликоптери.
Некои од пилотите на урнатите авииони ги пронајде украинската војска, добија лекарска помош и веќе сведочат за злосторствата на режимот на Путин се вели во извештајот.
-Поради отпорот на украинскиот народ, руските трупи се деморализирани и со исклучително низок морал и во лоша психолошка состојба поради свеста за вистинската сосотојба – се вели во соопштението на генералштабот на украинската војска.