Продолжува егзодусот од Нагорно Карабах, над 13.000 бегалци пристигнаа во Ерменија

Од:

Повеќе од 13.000 бегалци кои бегаат од Нагорно Карабах пристигнаа во Ерменија, соопшти денеска ерменската влада, речиси една недела по почетокот на азербејџанската офанзива и капитулацијата на сепаратистите во спорната енклава.

„Владата обезбедува домување за сите оние кои немаат каде да живеат“, соопштија ерменските власти, прецизирајќи дека регистрацијата на бегалците продолжува.

Во исто време, локалните ерменски власти соопштија дека вчера најмалку 20 лица загинале во експлозија на складиште за гориво во Нагорно Карабах. Според нивниот извештај, 290 лица биле примени во болниците, а десетици од нив „се уште се во критична состојба“.

Егзодусот на илјадници Ерменци од Нагорно Карабах продолжува и денеска, речиси една недела по инвазијата на Азербејџан на оваа кавкаска енклава претежно населена со Ерменци. За денеска во Брисел е закажана средба на претставниците на двете страни.

Илјадници жители на Нагорно-Карабах се засолниле во Ерменија, и покрај ветувањето на Азербејџан, кое вчера го повтори неговиот претседател Илхам Алиев, дека правата на Ерменците кои остануваат во оваа енклава освоена од нејзината армија ќе бидат „загарантирани“.

Би можело да ве интересира

Се зголемува бројот на жртвите од експлозијата во складиштето за гориво во Нагорно Карабах

Потпишан декрет: Нагорно Карабах престанува да постои

Горан Наумовски

Во Нагорно Карабах загинаа 192 азербејџански војници, ранети се 511

Најмалку 20 загинати во голема експлозија во Нагорно Карабах

Се пука во главниот град на Нагорно Карабах, мировните преговори траеја многу кратко

Горан Наумовски

Ерменците се предадоа по 24 часа војна