Продан: Украина е подготвена да плати времена компромисна цена за рускиот гас

Од:

Украинскиот министер за енергетика Јуриј Продан изјави дека Киев е подготвен да плати времена компромисна цена за рускиот гас, истовремено критикувајќи ја руската компанија „Газпром“ дека не сака да преговара.

Минатата година Русија задоволи околу половина од потребите на Украина на гас, но Газпром ја прекина испораката на гас на 16 јуни по спор околу цената и по анексирањето на Крим од Москва.

– Подготвени сме да преговараме за некој вид разумна компромисна цена, додека ситуацијата не биде решена од суд, но Газпром не сака да учествува во преговарачкиот процес, изјави Продан.

Украинската енергетска компанија „Нафтогаз“ во јуни покрена пред Стокхолмскиот арбитражен суд поставпка околу спорот со цената на рускиот гас.

Украина добива околу 16 милијарди кубни метри гас од Полска, Унгарија и Словачка, што треба да задоволи 50 проценти од потребите на Украина за оваа година. Киев, сепак треба да најде дополнителни 5 милијарди кубни метри гас за периодот октомври-март, нагласи Продан, предупредувајќи дека земјата е пред тешка зима.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми