Приближно 100 лица се водат како исчезнати по потонување на брод во реката Убанги во Централноафриканската Република, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на претставници на локалните власти.
Трагедијата се случила во понеделникот.
До несреќата дошло кога експлодирал моторот на бродот, што превезувал патници по реката. Како последица на експлозијата на бродот се појавил пожар.
Во реката Убанги постојано има бродски несреќи, затоа што тие најчесто се претоварени со патници и стоки, а главни причини за несреќите се староста на пловните објекти и непочитување на навигациските правила.