Властите во Гамбија ги прекинаа телефонските врски и интернет за време на денешните претседателски избори.
Во западноафриканската држава почна галсањето кое е прв предизвик за 22-годишното владеење на претсеателот Јахја Џаме.
Поранешниот полковник кој дојде на власт по воен удар во 1994 година, се бори за петти мандат.
Главен противкандидат му е Адама Бароу, кој има поддршка од седум партии и е популарен меѓу невработените млади луѓе во Гамбија.
На изборите учествува и Мама Канде, лидер на Гамбискиот национален конгрес, единствена опозициска партија, што не се вклучи во сојузот за поддршка на Бароу.