Американскиот амбасадор Барак Обама преку писмена изјава потврди дека амбасадорот Кристофер Стувен и уште тројца вработени во американскиот конзулат во Бенгази се убиени во напад на радикални исламистички групи.
Амбасадорот Кристофер Стивенс загинал во текот нападот на американскиот конзулат, кој е запален во текот на демонстрациите на екстремните исламисти поради поставувањето на интернет на филмот „Невиноста на муслиманите“ во кој пророкот Мухамед се опишува како промотер на педофилијата.
„САД се против сите обиди занавредување на туѓите верски чувства, но сите едногласно мора да се спротиставиме на бесмисленото насилство кое во данок зема човечки животи“ неппишал Обама во соопштението до јавноста.
Американскиот претседател навел дека наредил воведување на засилени мерки на безбедност и заштита на американските дипломати ширум светот.
„Дадов упатства до мојата администрација да ги обезбеди сите неопходни ресурси и да ја зголеми безбедноста на нашите вработени во Либија и ширум светот“, напишал Обама.
Крис Стивенс беше храбар и дипломат за пример. Неговот дело може да служи за пример на сите кои се залагаат за слобода и правда. Храбрите Американци кои ги изгубивме се олицетворение на жртвата која нашите цивили ја поднесуваат секој ден, насекаде низ светот – додал Обама.