Претседателот на Парламентот назначен за привремен претседател на Абхазија

Од:

Парламентот на отцепената грузиска област Абхазија денеска го назначи својот претседател Валериј Бганба за в.д.претседател на земјата и вонредните претедателски избори ги закажа за 24 август, соопшти ИТАР-ТАСС.

Двете соодветни одлуки беа поддржани од 24 пратеници, а еден се воздржа од гласање.

Опозициските лидери вчера соопштија дека ја презедоа властта во земјата и покрај одбивањето на претседателот Александар Анкваб да се повлече од функцијата.

Опозицијата формира „Преоден национален совет“ (ПНС), откако демонстрантите во вторникот упаднаа во зградата на претседателската администрација во главниот град Сухуми.

Анкваб избега во воена база под руска команда во близина на Сухуми.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот