Претседателот на ОБСЕ не ја исклучува можноста ситуацијата во Украина да се развие во „мошне мрачно сценарио“

Од:

Претседателот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и претседател на Швајцарија, Дидие Буркхалтер не ја исклучува можноста ситуацијата во Украина да се развие во „мошне мрачно сценарио“.

– Во моментов се наоѓаме во мошне опасна воена ситуација, со зајакнување на борбите на југ и всушност можеме да разговараме за појава на мошне мрачни сценарија, нагласи тој во интервју за швајцарската телевизија.

Сегашната ситуација во Украина, каде во источниот дел на земјата не запираат борбите меѓу владините сили и сепаратистите, Буркхалтер го означи како „деликатен период“, потенцирајќи ја важноста од дипломатските напори.

– Ние како ОБСЕ не можеме да ја намалиле таа тензија, онака како што би сакале, односно да почне национален дијалог во Украина, призна тој и додаде дека поради тоа е важно да се активираат дипломатските контакти.

– Подготвени сме да означиме почеток на нова дипломатска иницијатива. Швајцарија е подготвена да биде домаќин, нагласи Буркхалтер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми