Претседателот на Иран во ОН: Не сакаме нуклеарно оружје

Од:

Иран нема намера да произведува нуклеарно оружје, изјави денеска иранскиот претседател Масуд Пезешкијан на седницата на Генералното собрание на ОН, неколку дена пред евентуалното враќање на меѓународните санкции против Техеран поради неговата нуклеарна програма.

„Тука, пред ова собрание, повторно велам дека Иран никогаш не се стремел и никогаш нема да се стреми да произведе нуклеарна бомба. Не сакаме нуклеарно оружје“, рече Пезешкијан.

Велика Британија, Франција и Германија (т.н. група Е3) на 28 август започнаа 30-дневен процес за повторно воведување на санкциите на ОН врз Иран, кои истекуваат на 27 септември, обвинувајќи го Техеран за кршење на нуклеарниот договор од 2015 година со светските сили, чија цел беше да го спречи да развива нуклеарно оружје.

Европските сили понудија да го одложат повторното воведување на санкциите до шест месеци за да се овозможи простор за преговори за долгорочен договор, доколку Иран им дозволи на инспекторите на ОН пристап до неговите нуклеарни постројки, се справи со загриженоста за неговите залихи на збогатен ураниум и преговара со САД.

Пезешкијан ја обвини таканаречената група Е3 дека го иницирала процесот на враќање на меѓународните санкции врз Иран „по налог на Соединетите Американски Држави“.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Се подготвува нов напад на Иран, САД првично нема да интервенираат

Хамнеи: Каде и да интервенира САД, резултатот е воинственост, геноцид, уништување и раселување

Земјотрес со јачина од 5,1 степени го погоди Иран

Азизи: Техеран нема планови за разговори со Вашингтон

Лавров: Работиме на наредбата на Путин за можна руска нуклеарна проба

Катерина Ѓуровски

Ванс: Нуклеарните тестови се клучни за безбедноста на Америка